Музика
Новото издание на Галоски „Hypnotized“ премиерно емитувано во емисиите на Tiësto и Armin van Buuren
Тој е македонски диџеј и продуцент многу добро познат на домашната музичка сцена и пошироко за кого со години веќе не е потребен вовед.
Галоски е синоним за талент, амбиција, дисциплина, посветеност, емоција, а со тоа еден од најуспешните диџеи кои некогаш постоеле во земјава. Човекот кој ја постави Македонија на светската мапа за електронска музика. Со интернационални настапи од едниот до другиот крај на светот и музички изданија за најголемите реномирани издавачки куќи во светот, летниот период последниве неколку години се само дневна рутина за него.






