Актуелно
Почеток на нова соработка помеѓу Универзитетот Американ Колеџ Скопје и City College of New York од САД
Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) постојано работи на унапредување на својата меѓународна соработка со образовни институции ширум светот. Овој пат, се работи за почеток на соработка со една од најпрестижните академски институции во Соединетите Американски Држави – City College of New York, што е мошне значаен чекор во потикнување меѓународни академски партнерства и подигнување на образовните стандарди кај нас.
Основан во 1847 година како „Слободна академија“, City College of New York претставува извор на академска извонредност, чии значајни постигнувања ги вклучуваат и првата презентација на Алберт Ајнштајн на теоријата за релативноста надвор од Европа, учество во проектирањето на Панамскиот канал, откритието на вакцината против детска парализа, како и учество во развој на проектот за интернет.





