Промо
Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро
Samsung со особено задоволство го најавува настанот Galaxy AI Café, уникатно искуство кое пристига на атрактивната плажа Куба Либре во Охрид.
Овој пионерски настан, кој ќе се одржува од 27 јули до 25 август, е воедно првиот од ваков вид на настани во Македонија, и ги поканува сите тек-ентузијасти и љубопитни умови да ги истражат најмодерните можности на најновите иновации на Samsung, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6. На Galaxy AI Café, посетителите ќе имаат ексклузивна можност лично да ги испробаат овие револуционерни уреди, а за секоја информација ќе можат да им се обратат на обучените промотери на Samsung.
Galaxy Z Fold6 е подготвен да импресионира со својот голем екран, кој ја издигнува продуктивноста до нови височини. Присутните можат од прва рака да ги искусат функциите Galaxy AI*, како Пребарување со заокружување (Circle to Search) и Асистент за белешки (Note Assist), алатки дизајнирани да го олеснат Вашиот работен тек и да ја засилат Вашата ефикасност. Овој импресивен паметен телефон дефинитивно ќе Ви го привлече вниманието со своите иновативни карактеристики, како што е чипсетот Snapdragon 8 Gen 3, најмоќниот чипсет за Android моментално на пазарот, како и подобрените функции со вештачка интелигенција оптимизирани за уреди на преклоп, како што е режимот за превод во реално време кој може да прикажува разговори на секоја половина од екранот. Овие достигнувања го прават Galaxy Z Fold6 извонреден уред во областа на технологијата за преклопување.






