Интервју
Интервју со Кремена Јорданова, поранешна маркетинг директорка во Адидас: „Иднината на маркетинг стратегиите е во беспрекорната интеграција на креативноста и вештачката интелигенција“
Со помалку од една недела до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и неформални разговори за интеграцијата на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата.
Една од најочекуваните сесии е на темата „Трка за иновации и технологија: Како да се искористат вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во е-трговија“ на која еминентни експерти од областа ќе го споделат своето искуство за развојот и последните трендови во маркетингот и трката за иновации, а меѓу говорниците ќе биде и Кремена Јорданова, поранешна директорка за маркетинг во Адидас и Рибок.
Во ексклузивно интервју, Кремена Јорданова ги објаснува последните трендови во маркетингот и е-трговијата, споделувајќи го своето богато искуство од големите светски брендови Адидас (“Adidas”) и Рибок („Reebok“) .






