Шоубиз
Џо Манганиело првпат прозборе за разводот со Софија Вергара: „Причината што таа ја наведе не е точна“
Актерот Џо Манганиело (47) ја сподели својата страна од приказната за неговиот развод со актерката Софија Вергара (52). Актерот тврди дека причината за разводот што Софија и ја соопштила на јавноста „едноставно не е вистина“, пренесуваат американските медиуми.
Имено, на почетокот на оваа година актерката во интервју за шпански „Ел Паис“ откри: „Бракот ми се распадна бидејќи Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Чувствувам дека не би било фер кон бебето. Тоа веќе не беше за мене. Добив син кога имав 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка“, открила таа.




