Интервју
Нина Бадриќ моли за помош: „Побарајте го Keanu Reeves и кажете му дека сме сродни души“
Нина Бадриќ од првиот ден кога се појави на музичката сцена на поранешна Југославија освои со својот магичен глас, позитивна енергија и харизма која никого не остава рамнодушен. И години подоцна, ништо не се промени. Со своите песни знае да расплаче многумина, а со своите шеги да насмее до солзи. Затоа е сакана, почитувана каде и да се појави, и во општеството и на сцената.
Минува низ животот со крената глава и ведар дух. Дури и кога и беше тешко, знаеше дека мора да оди напред, дека тагата и болката нема да траат вечно и дека мора да успее и да биде најдобрата верзија од себе. Нејзината насмевка беше нејзината движечка сила.





