Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова“
Жирито кое годинава ќе одлучува за филмовите во главната селекција на ММФ „Киненова“ го сочинуваат: Петар Валчанов, Зане Балчук и Владимир Ангелов.
Петар Валчанов е син на познатиот бугарски сликар Валчан Петров и актерката Иванка Братоева. Следејќи ги чекорите на неговиот татко, тој завршил уметничко училиште во неговиот роден град Пловдив, но потоа се преселил во Софија за да ја продолжи својата страст за филм од детството. Тој, заедно со Кристина Грозева, е ко-сценарист, ко-режиер и ко-продуцент на филмовите „Скок“, „Лекција“, „Слава“ и „Таткото“. Нивните филмови освоија награди во Сан Себастијан, Карлови Вари, Токио, Локарно, Варшава, Гетеборг, Единбург, Киненова Скопје и други фестивали.
Зане Балчус е истражувач, кустос, хонорарен филмски критичар и шеф на Балтичкиот форум за документарни филмови во Рига, Латвија (од 2019 година). Балчус има особено големо искуство во програмирање, како кустос и во управување со различни организации во областа на филмската уметност. Таа била директорка на Филмскиот музеј во Рига од 2014-2019 година, кустос во истиот музеј од 2010-2014 година, а има работено и како селектор на Меѓународниот филмски фестивал „Arsenals“ во Рига од 2000-2005 година. Таа е коавтор на неколку книги за латвиската кинематографија, придонесува за разни публикации за филмската уметност (вкучувајќи Film New Europe, Kino Raksti). Балчус била дел од жирито на „FIPRESCI“ во „IDFA“ (2019), „ZagrebDox“ (2020), на меѓународниот филмски фестивал „goEast“ (2020), како и во жирито за најдобар нордиски филм на „Nordisk Panorama“ и во многу други.




