Настани
ЕГЗИТ со своја вечер на славниот Амстердам Денс Евент, во еден од највозбудливите клубови на светот!
ЕГЗИТ фестивалот оваа година повторно ќе оствари соработка со славниот АДЕ (Amsterdam Dance Event), и тоа на забавата која во петок, 15 октомври, ќе се одржи во „Фаралда Крејн“ (Faralda Crane), еден од највозбудливите клубови и хотели на светот, кој се наоѓа 50 метри над Амстердам, на врвот од монументалниот градежен кран.
Како единствена фестивалска групација на светот која во 2021 година успеа да организира четири фестивали во три различни држави, ЕГЗИТ на амстердамската публика и на гостите на АДЕ ќе им претстави еклектична програма од ценети интернационални изведувачи на електронската музика, во која учествуваат Анфиса Летјаго, Адиел, Диџеј Џок, Даниела да Силва, Хјуман Риас и Лиеке Триенекенс. Настапите почнуваат во 17 часот, а ќе бидат емитувани и во живо на Фејсбук страницата и Јутјуб каналот на Егзит.
„Амстердам Денс Евент“ (Amsterdam Dance Event) е најголемата смотра на електронската музика во светот, која ги собира сите водечки, но и претстојни диџеи, продуценти, издавачи, агенти, промотори, продукциски куќи и бројни други актери на глобалната електронска сцена, а годинава се одржува од 13 до 17 октомври. Фестивалската програма вклучува над 350 настани во чии рамки ќе настапат Адам Бејер, Шарлот де Вит, Масео Плекс, Нина Кравиц, Пол Калкбренер, и многу други угледни светски имиња од електронската музика.




