А, бре Македонче, каде се спремаш?
Оваа песна во минатото и тоа како го подгревала патриотизмот и влевала чувство на гордост кај оние кои земале активно учество во борбата на македонскиот народ.
Денес, тоа Македонче по сѐ изгледа се сфаќа пејоративно, со подбивање и потсмев.
Обичниот човек знае дека политиката е ……., но не по цена на продавање на нешто што секој Македонец го има длабоко во себе, а тоа е чувството за национална припадност. Денес после сите борби, востанија и нереди, кога историјата е напишана и цел свет ја знае, некој се дрзнува да ја менува таа историја.А, што е уште пострашно што некој од тука дозволува.Секој разумен човек знае дека не треба и не смее да има никакви преговори за нешто што веќе се знае, а уште помалку да има компромиси.Гледајќи ги дневно-политичките случувања имам чувство дека историјата се повторува, дека живеам во периодот меѓу двете војни кога се борам за решавање на македонското национално прашање. Но, чувството во мене ми вели поинаку.




