Сцена
Македонија е горда на светските прваци од Dancers United!
Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали.
– Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија. Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери. Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди, изјавија од инклузивното танц студио Dancers United.







