Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пристигнуваат новите Neo QLED 8K и 4K и OLED телевизори на Samsung!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Технологија

Пристигнуваат новите Neo QLED 8K и 4K и OLED телевизори на Samsung!

Samsung повторно ги поместува гаграниците на домашната забава со интегрирање на вештачката интелигенција (AI) во најновата линија на паметни телевизори на начини кои го надминуваат традиционалното доживување при гледањето.

Како глобален водечки производите на телевизори 18-та година по ред, Samsung и овој пат ја потврдува својата посветеност на иновациите и значајниот придонес во животниот стил на корисниците.

Neo QLED TV – главниот меѓу телевизорите за 2024 г.

Новите Neo QLED 8K го означуваат напредокот во AI TV технологија благодарение на напредниот процесор NQ8 AI Gen3 кој ги прави да бидат носечки производи на телевизори за 2024 г. Со единица за невронска обработка (NPU) за двојно поголема брзина од претходниот модел, како и осумкратно зголемување на невронските мрежи, од 64 на 512, Neo QLED 8K  гарантира исклучително искуство на гледање со кристално јасни детали, без оглед на изворот на емитување.

Секој кадар на Neo QLED 8K ќе биде вистинско уживање за вашите очите благодарение на технологијата за слика базирана на вештачка интелигенција каде и најмалите детали се истакнати со неспоредлива јасност и природност, од изрази на лицето до најсуптилните нијанси. Со 8K AI Upscaling Pro, вашите омилените серии и филмови се трансформираат во приказ со резолуција од речиси 8K, овозможувајќи ви да уживате во детали и јасност на сликата кои ги надминуваат стандардните телевизори со 4K. Дополнително, AI Motion Enhancer Pro обезбедува подобрен и појасен приказ на сцените преполни со акција што е идеално за гледање на спортските содржини, додека Real Depth Enhancer Pro додава неверојатна реална длабочина на сликата. Сите овие функции заедно го редефинираат искуството на големиот екран и поставуваат нов стандард на визуелно искуство, додека пак аудио искуството исто така се карактеризира со прецизен звук заснован на AI технологијата за звук. Овогодинешниот Active Voice Amplifier Pro сега оди подалеку од одвојувањето на разговорите од бучавата во позадина и гарантира дека секој збор се слуша јасно. 

Object Tracking Sound Pro, исто така, го збогатува звучното искуство со синхронизирање на звукот со дејството на екранот, создавајќи подинамично и попривлечно доживување при гледањето. Adaptive Sound Pro дополнително го подобрува звучното искуство со интелигентно прилагодување на звукот на содржината и акустиката на просторијата за навистина богат, вистински звук.

Neo QLED 8K телевизор можете да имате доколку одберете еден од двата нови модели QN900D и QN800D во големини од 65, 75 и 85 инчи. 

Покрај 8К, Samsung нуди и модели од линијата Neo QLED 4K со најнови иновации за уште подобро искуство на гледање со револуционерни функции на процесорот NQ4 AI Gen2. Овој напреден чип овозможува прикажување на речиси сите видови содржини со импресивна 4K резолуција. 

Со технологиите Real Depth Enhancer Pro и Quantum Matrix како подобрувања, екранот гарантира совршен контраст дури и во сложени сцени. Со првиот екран во светот со валидација Pantone за прецизност на боите и Dolby Atmos за имерсивно звучно искуство, Neo QLED 4K го поставува стандардот за совршено 4K UHD искуство и можете да го имате во големини од 55 до 98 инчи. 

OLED TV создадени за вистинско уживање

Samsung го воведува и првиот OLED екран во светот без отсјај во своите нови модели од линијата OLED TV. S95D или S90D можете да го имате во големини на екранот од 48 до 83 инчи на кој непотребната рефлексија ќе биде елиминирана, а длабоки нијанси на црна боја зачувани, овозможувајќи јасни слики под какви било услови на осветлување. Со истиот моќен процесор NQ4 AI Gen2, како и со линијата Neo QLED 4K, Samsung OLED телевизорите имаат функции како што се Real Depth Enhancer и OLED HDR Pro, кои дополнително го подобруваат квалитетот на сликата. Покрај тоа, со функции како Motion Xcelerator 144Hz, којашто гарантира совршено движење и брз одговор, Samsung OLED е непогрешлив избор за сите страсни гејмери. 

Поврзаноста, одржливоста и безбедноста на највисоко ниво

Најновите Neo QLED и OLED телевизори се совршено дизајнирани да се поврзат со паметниот екосистем веднаш по инсталацијата. Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран ќе се поврзе со постоечките мрежи и уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач Solar Cell и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.

Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.

Преднарачка за најновите телевизори на Samsung е во тек!

Почнувајќи од 01.05.2024 во времетраење од 7 дена започна промотивната понуда за преднарачка на новите Samsung телевизори. Доколку се одлучите за еден од моделите  Neo QLED 8K од 65 инчи или повеќе, Neo QLED или OLED од 55 инчи или повеќе, добивате 2 подарока:  Q-series Soundbar звучници и  попуст до 40.000 ден. Доколку пак вашиот избор е Neo QLED од 43 или 55 инчи, тогаш ви следуваат звучниците. Побрзајте, и искористете ја оваа извонредна промотивна понуда, за која повеќе информации можете да прочитајте тука.  

Повеќе информации за новите Samsung AI TV прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/tvs/8k-tv/highlights/#

https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95d-65-inch-oled-4k-tizen-os-smart-tv-qe65s95datxxh/

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Технологија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.