Сцена
Со целосно распродадени концерти, заврши концертната турнеја на „Фрајле“ во Македонија
Со вчерашниот концерт во Струмица, успешно заврши концертната турнеја на „Фрајле“ во Македонија, со целосно распродадени концерти.
Имено, изминатата недела, женското трио „Фрајле“ одржа 5 концерти во 4 различни градови низ Македонија. Почнувајќи од Битола и Штип, па се до Скопје и Струмица.
Пеејќи песни од нивната Војводина, како и нивни авторски песни, македонски народни песни и поп-хитови, Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ ја разиграа македонската публика, која беше на нозе повеќе од два часа и во еден глас ги пееше песните на „Фрајле“, а тие пак возвратија со енергичен настап и фантастична интерпретација, како што впрочем сме навикнати од нив.





