
Генијалците низ историјата
ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Јуриј Гагарин
„Што е извор на најголемо задоволство кај луѓето? Да имаат сопствени идеали во постојано поместување на границите” – Јуриј Гагарин
За време на студената војна, кога Русија и Америка буквално се натпреваруваат кој може повеќе, младиот космонаут, на 27 години, ќе биде првиот човек лансиран на Месечина. Херојскиот подвиг, за жал, ќе биде искористен за политички пропаганди, а не за суштинските цели на идеалите на еден генијален ум.
Роден е во скромно земјоделско семејство на 9 март 1934 година во Смољенск, западно од Москва. Складни семејни односи, многу разбирање од браќата Валентин и Борис, и љубов од постарата сестра Зоја. Таа на десетгодишна возраст го носи тригошиниот Јуриј во школо, го претставува пред соучениците и чита песна за него, полна со сестринска љубов, со што помладиот брат стекнува самодоверба која ќе му значи низ животот. Војната ќе му го прекине школувањето, но своите светогледи ќе ги развива и во тешките воени времиња, од каде учи дека храброста нема граници ( средба со пилотите од урнат воен авион ќе му се вреже во меморија).
Во повоениот период му се посветува на образованието, од полуписмено момче станува солиден ученик опседнат со математика, физика и авионите ( прави мини летала кои ги лансира над полињата и се радува, како да знае дека еден ден ќе биде лансиран многу повисоко).Запишува металургија во Москва, учи пракса во тешки услови. Оганот, чадот и течниот метал му пречат, но претпоставениот од групата ќе го окуражи: ,,Оганот е моќен.Водата е помоќна од него. Но човекот е посилен од сѐ и главата горе”! Учи, работи и заработува.




