Шоубиз
Селин Дион на насловната страница на францускиот „Вог“: „Се надевам дека ќе се случи чудо“
Селин Дион позираше за насловната страница на француското издание на магазинот „Вог“ и проговори за својата болест. Имено, пејачката боледува од невролошкото пореметување Синдром на вкочанета личност, кое и беше дијагностицирано есента 2022 година.
„Болеста не ја победив затоа што се уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научни истражувања, но токму сега морам да научам да живеам со неа Значи, ова сум јас сега, со синдром на вкочанета личност“, изјави таа за магазинот.




