Актуелно
Од денеска започнува пријавувањето за јубилејното 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон
На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон. Пријавувањето започнува денеска, 28.03.2024 во 9.00 часот и ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.
Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.
Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5км. За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo.




