Актуелно
Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“ – Повеќе од три илјади учеснички застанаа на старната линија
Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи.
Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски Маратон“. Резултатите ќе бидат споделени на следниот линк: https://tagtiming.mk/.



