Магазин
Принцот Хари пристигнува во Велика Британија: Кралот Чарлс е премногу „зафатен“ за да се сретне со синот
Принцот Хари за неколку дена пристигнува во Лондон, но се чини дека нема да се сретне со својот татко, кралот Чарлс. Веројатноста за подолга средба, пишуваат британските медиуми, е многу мала бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично пополнет.
Вчера беше потврдено дека Хари за неколку дена ќе отпатува за Лондон за да присуствува на церемонијата по повод 10-годишнината од меѓународниот спортски настан игрите „Invictus“ (Invictus Games). Тој ќе биде на богослужбата на благодарноста во лондонската катедрала Св. Павле во среда, 8 мај, каде се очекува да одржи говор.
Како што најавија организаторите на настанот, пристигнувањето на принцот Хари на десетгодишнината од игрите Invictus „ќе одбележи една деценија во текот на која спортот се промени и им ги спаси животите на многумина“, објави Ројтерс.





