Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Охрид Фест – Охридски трубадури“ ги бара новите хитови за летото 2026

Промо

„Охрид Фест – Охридски трубадури“ ги бара новите хитови за летото 2026

Музичкиот живот во Охрид и ова лето ќе биде во полн ек, откако официјално е отворен конкурсот за 33. издание на фестивалот Охрид Фест – Охридски трубадури. Еден од најпрепознатливите музички настани во регионот ќе се одржи на 26 и 27 август 2026 година.

Организаторите ги повикуваат сите музичари, автори и изведувачи да пријават нови композиции и да станат дел од сцената која со децении создава хитови и музички приказни. Како и претходните години, фестивалот ќе се одвива во две вечери – фолк и интернационална поп вечер, со што се задржува препознатливиот спој на традиција и современ звук.

Посебен акцент и оваа година е ставен на младите и дебитантите, кои добиваат можност да се претстават пред широка публика и да направат значаен чекор во својата кариера. За учество, потребно е заинтересираните да достават финално продуцирани песни со времетраење до три и пол минути, на официјалната електронска адреса на фестивалот, најдоцна до 15 јуни 2026 година.

Маркетинг

„Охрид Фест“ одамна ја надмина рамката на класичен фестивал и се етаблира како значајна платформа за промоција на музички таленти на регионално ниво. Настанот го следат бројни телевизии од Балканот, што дополнително ја зголемува видливоста на учесниците.

Фестивалската сцена низ годините била отскочна даска за многу имиња, меѓу кои и Тоше Проески, кој токму тука го започна својот пат кон статусот на една од најголемите музички ѕвезди во регионот.

Со долгогодишна традиција, „Охрид Фест – Охридски трубадури“ останува симбол на квалитетна музика, емоција и нови почетоци. Ова лето, сцената повторно ќе биде место каде што ќе се раѓаат нови хитови и ќе се откриваат идните ѕвезди.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.