
Ви препорачуваме
Што се случува кога мажи ќе слушнат „женски“ прашања за вработување? (ВИДЕО)
На Меѓународниот ден на жената, ГЕА – Алијансата за родова еднаквост објави видео кое за кратко време стана вирално, отворајќи важна дебата за родовите стереотипи на работното место.
Во видеото, на неколку мажи им беа поставени прашања што жените ги слушаат речиси секојдневно при вработување или во текот на нивната кариера:
🟠 Како балансираш работа и семејство?
🟠 Дали планираш да одиш на породилно отсуство?
🟠 Сметаш ли дека можеш да се носиш со лидерска позиција покрај домашните обврски?
🟠 Како ги држиш емоциите под контрола на работа?



