Настани
„Глумците пеат“ се враќаат во МНТ: Две вечери со над 50 уметници и безвременски македонски хитови
Едно од најомилените сценски случувања кај публиката повторно се враќа во Македонски народен театар. На 24 и 25 март, со почеток од 20 часот, „Глумците пеат“ ќе понуди две вечери исполнети со музика, емоции и уникатна актерска енергија, со повеќе од 50 уметници на сцената.
Познати песни, ново доживување
Годинешното издание става акцент на македонската музика – композиции кои публиката добро ги знае, но овојпат ќе ги слушне во поинакво, свежо и лично интерпретирано издание.
Форматот ги изнесува актерите надвор од нивната вообичаена улога, овозможувајќи им преку музиката да изразат сопствени емоции. Публиката ќе ужива во соло настапи, дуети и групни изведби, кои ветуваат нова димензија на познатите хитови.




