Актуелно
Ни доаѓа продолжен викенд! Еве кога се следните мини-одмори и неработни денови во 2026 година
Граѓаните веќе овој месец ќе имаат можност за мал одмор, бидејќи 20 март (петок) е неработен ден по повод Рамазан бајрам, што автоматски носи продолжен викенд од три дена.
Ова е само почеток – календарот за 2026 година е прилично „наклонет“ кон љубителите на кратки патувања и мини одмори. Дел од празниците се распоредени така што се лепат до викенд, а некои дури и се префрлаат во понеделник бидејќи паѓаат во недела.
Така, во текот на годината има неколку идеални моменти за кратки патувања, одмор или спојување на слободни денови.




