Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Доделени наградите „E-commerce Awards 2025“: Ова се најдобрите е-продавници во Македонија

Актуелно

Доделени наградите „E-commerce Awards 2025“: Ова се најдобрите е-продавници во Македонија

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, се одржа свечената церемонија на „E-commerce Awards 2025“, на која беа прогласени најдобрите е-продавници и е-трговци во земјава.

Целта на оваа иницијатива е да ги препознае најуспешните компании во секторот на онлајн трговијата и да придонесе за зголемување на довербата кај купувачите, како и за континуирано подобрување на услугите во е-трговијата.

Годинава интересот беше голем – над 36.000 гласови од повеќе од 4.200 гласачи, при што 60% од резултатот доаѓаше од јавноста, а 40% од оценувањето на стручна жири-комисија. Исклучок беше категоријата „Најпопуларна е-продавница“, каде победникот беше избран само со гласови од јавноста.

Маркетинг

Во изборот беа номинирани 217 е-трговци кои се натпреваруваа во 18 категории, а на церемонијата беа доделени вкупно 38 награди.

Меѓу најзначајните победници се:

  • Coslovemetics.mk – прогласен за е-трговец на годината и најпопуларна е-продавница

  • Ananas.mk – победник во категоријата маркетплејс

  • Telekom.mk – најдобар во категоријата е-продавница за услуги

  • Zegin.com.mk – најдобра е-продавница за здравје, нега и убавина

  • Korpa.mk – најдобра е-продавница за храна и пијалоци

  • Neptun.mk – победник во категоријата бела техника и електроника

Доделени беа и неколку специјални признанија, меѓу кои и за меѓународна експанзија во е-трговија, промоција на Беџот за верификуван е-трговец, како и за најдобра е-продавница основана и управувана од жена.

На победниците им беа врачени статуетки и дигитални беџови, кои можат да ги истакнат на своите веб-страници како симбол на доверба и квалитет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.