Настани
Една од најомилените опери повторно пред публиката – „Севилскиот бербер“ на 3 април
Едно од најпопуларните дела од светската оперска сцена, „Севилскиот бербер“, повторно ќе биде изведено пред македонската публика. На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во оваа духовита и енергична опера на сцената на Национална опера и балет.
Станува збор за ремек-дело на италијанскиот композитор Џоакино Росини, кое со својата динамична музика, хумор и препознатливи арии со децении останува омилено кај публиката ширум светот.
Изведбата ќе биде под диригентската палка на Бисера Чадловска, додека режијата ја потпишува австриската режисерка Урсула Хорнер. Сценографијата е дело на Марија Ветероска, а костимите ги изработи Марија Пупучевска.



