Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Приказната зад тетоважите на Ленин Јовановски и Александра Спировска

Интервју

Приказната зад тетоважите на Ленин Јовановски и Александра Спировска

Приказната зад тетоважите на Ленин Јовановски и Александра Спировска

Минатата недела читавме за тетоважите во најновата колумна на проф. Татјана Алексиќ, па во прилог на текстот за тетоважата низ времето, своето време за кусо интервју ни го подарија два урбани ликови, градски и тетовирани, свои, но не своеглави, полни со животна енергија, зависници од адреналин и сѐ она што животот им го подарил како лични приоритети, Александра Спировска – новинар во Македонската радио телевизија и Ленин Јовановски – претседател на мото клубот „Ноќни волци“, зборуваат за својот избор на тетоважи:

– ,,Најубавите и најважни моменти од мојот живот сакам да ги носам со себе и на себе. Не само во душата и срцето. Не како мемории што ги листам секојдневно во умот. Сакам да ги гледам секој ден, како потсетник за сѐ што ми причинило неизмерна среќа, но и тага. И таа е дел од животот. Дневник пресликан на мојата кожа.“ – вели Александра Спировска.

Колоритни и разиграни, како нејзиниот темперамент и карактер, за кој вели – сака да е сѐ во боја.

– „Си ги сакам цртежите на моето тело. За мене не се чкртаници, не се чувствувам помалку женствена или обележана. Напротив. За мене, тие се бегство од стереотипите и бунт кон предрасудите. Јас моите ги носам со гордост. Дури и кога ме ,,стрелаат” со осудувачки погледи, небаре нив на сила сум ги истетовирала..“ – додава Спировска.

Таа вели дека не и пречи туѓиот стил на живот, ги прифаќа туѓите размисли, ставови, определби. Отворете се и вие кон она што за вас е незамисливо – е пораката која Александра Спировска сака да ја испрати.

– „Она што мене ми пречи е што кај нас е сѐ уште ТАБУ, па мора да се кријат тетоважите како заразна болест! Особено во јавните професии, како мојата. Можеби некогаш тетоважите биле синоним само за шаманите, затворениците, зависниците… Денес доктори, интелектуалци, носители на важни јавни функции, политичари се тетовирани. Помалку или повеќе. На помалку откриени или сокриени делови од телото. Никогаш не знаете зад строгиот костум, или лекарски мантил каков цртеж се крие. Можеби некој ,,цел ичкртан” утре ќе го спаси вашиот живот. Ќе го стрелате ли и натаму со поглед? Како мајка, моите три деца ги научив да гледаат,,под површината” и да го најдат човекот во секоја личност, без разлика на која вера, нација, раса припаѓаат. Без разлика дали се геј или стрејт, тетовирани или не, сиромашни или богати“.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ТЕТОВИРАНИ (ПРВ ДЕЛ)

Ленин Јовановски ги дели истите ставови.

– ,,Она што можам да го кажам за тетоважите е мое лично мислење и како јас ги доживувам. Воопшто не ме интересираат мислењета на другите, особено на оние кои се против, вклучително и мислењето на оние кои имаат или немаат тетоважи. Она што јас го сметам за правилно е тоа дека тетоважа на своето тело треба да стави само зрел човек, односно најмалку полнолетен. Во принцип, тетоважата е нешто што се става за цел живот, иако сега постојат техники и можности за отстранување или покривање на постојната со нова. Токму и затоа, за да не се ставате во ситуација да го правите тоа (пишман аџија), еднаш ставената тетоважа на вашата кожа треба да е таква да никогаш подоцна не се срамите од неа. Да се изложите на болка за да направите нешто што ви значи, е едно од нештата кои доволно кажуваат колку тоа ви значи. Тоа е…нема љубов без болка :)“ – објаснува Ленин.

Вели дека неговите тетоважи се со своја приказна која е тесно врзана со неговиот живот: искуство, љубов, размислување и чувства. Тетоважата не е и не смее да биде помадарство и не треба да се прави сега и веднаш како рефлекс на некоја инцидентна желба.

– „Големата тетоважа која го покрива мојот грб се прави со години и тоа воопшто не ми пречи, туку напротив сметам дека природно созрева со моите години кои преминаа во т.н. второ доба. Имам тетоважа на левата делтоида која е направена пред 20-тина години, втората ми е на десната, која пак е направена неколку години подоцна. Тетоважата на грбот, која е сѐ уште во изработка, започната е пред повеќе од 6 години.“ – додава познатиот моторџија.

На неговото тело, вели, тетоважите се намерно така поставени за да може да ги покаже на онаа околина и место на кое тој ќе одлучам, во спротивно кога не сака некаде и некому да ги покаже, тие се покриени со дел од неговата облека. За содржината на неговите тетоважи, пак, може да разговара и да ги раскажува само на оние кои му се драги, блиски и кои сакаат и можат да разберат.

– „Табу или не, добро или лошо… ?! Совршено не ме интересира кој што и како мисли за тетоважите, ниту ми пречат таквите мислења и коментари , ниту се чувствувам повикан да се докажувам, расправам, објаснувам… Тоа е моја тетоважа , мое тело, моја работа и тетоважата ја сметам за многу интимна работа. “ – одлучно вели Ленин.

Она што според него е непишано правило, а што е вредно да се спомене, е тоа дека доколку почнете да го тетовирате вашето тело тоа ќе го правите цел живот, секогаш ќе имате што да дополните, и така се случува најчесто, па затоа вели дека тетовирањето кога еднаш ќе почне станува нараздвоен дел од вашиот живот, нешто како потреба, зависност, како и храната, само во помал обем.

Со тетовирањето на себе вие ставате неизбришлив белег по кој што ќе ве препознаваат ( и за добро и за лошо), ете Владо Черноземски никогаш немаше да знаеме дека е тоа тој што го убил кралот Александар да не беа на него истетовирани четирите свети букви за нашиот народ В.М.Р.О. За време на турското ропство многу жени тетовирале крстови на своите чела за да не бидат потурчувани или дел од нечиј сарај. Евреите пак биле присилно обележувани со тетоважи. Уште многу причини за тетовирање и затоа велам дека доживувањето на тетоважите на сопственото тело е премногу лично за да биде предмет на нечиј коментар, одобрување и сл.

– „Тетоважата треба да е дел од самата личност, бидејќи е негов избор и белег. Ова се само мои лични гледања и чувства, кога станува збор за тетоважите и истите не мора да се точни или прифатени како такви. Допуштам секој да има право да си ги прави, толкува и да ги доживува онака како што посакува , впрочем исто онака како што и јас за себеси инсистирам на тоа право”- завршува Јовановски.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Интервју

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.