fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

САРА МЕЈС: „Плачев да не ја повредам ќерката“ (ВИДЕО)

Интервју

САРА МЕЈС: „Плачев да не ја повредам ќерката“ (ВИДЕО)

САРА МЕЈС: „Плачев да не ја повредам ќерката“ (ВИДЕО)

Пејачката и харфистка Сара Мејс периодов е една од најангажираните музичари кај нас. За кратко време промовира две песни, а настапи и на концертот по повод Светскиот ден на харфата, кој се одржа на 20 октомври. Не крие колку е возбудена што ја претставуваше Македонија на ваков музички настан, особено што идејата за концертот дошла од Александар Болдачев, за Сара најдобриот харфист на светот.

„Ако некој види што сум објавила на ‘Фејсбук’ пред десет годни, ќе види дека секој втор ден ставав видеа од Болдачев“, рече Сара, која свири харфа од 15 години.

Нејзините родители во тоа време немале пари да ѝ купат харфа, инструмент кој е многу скап, па таа секојдневно вежбала на училиште. Но, кога пред две години ја роди ќерката Илина, музиката веќе не ѝ е на прво место.

„Сега сè се врти околу Илина, чие име го избрав јас, а му се допадна и на Димитар затоа што е традиционално. Ако имаме и второ дете, најверојатно пак ќе носи традиционално, а не модерно име“, раскажа Сара за „Репортер“. И додава дека поради ќерката, таа и сопругот направиле големи промени во животот, а Димитар дури го продал и моторот.

Не беше лесно да се гледа дете. Особено кога таа ќе почнеше да плаче, а Сара и Диме не знаеле што ѝ е.

„Кога Илина плачеше, плачевме и ние, па со ножички ги сечевме алиштата за да ја облечеме оти ни беше страв да не ја повредиме“, раскажува низ смеа Мејс.

Призна дека е сменета многу од тинејџерските години, па колку и во јавноста да изгледа поинаку, таа сега сака да готви, да ја постави масата и да чека Димитар и Илина да се вратат дома за да ручаат како семејство. „Заедно растеме и созреваме“.

А за тоа како од екскурзија трчала на училиште да вежба, дали ги прифаќа советите на бабите во врска со воспитувањето на Илина, зошто му се лутела често на Димитар на почетокот на врската… 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.