Игор Ангелов: „Се заљубив на час по математика, а сега со сопругата уживаме во доброто вино“
Цветко во детската серија „Пет плус“, Цобе во филмот „Година на мајмунот“, многубројни театарски улоги и, конечно, актуелниот Коста во телевизиската серија „Преспав“, е актерот Игор Ангелов, кој сè повеќе ja бранува јавноста со својата трансформација од улога во улога.
Игор беше гостин во студиото на „Репортер“, па со него зборувавме за сешто. Од првата улога до муабетот за преспанскиот фраер Коста, кој се пушта на сè што е женско, приказни за кои Ангелов со мерак зборува.
„Секако дека во Коста се крие прототип на еден неизживеан маж и баш затоа поминуваме добро кај публиката оти многу ликови од реалниот живот се пресликани тука“, вели Ангелов за хит-серијата „Преспав“, која ја заврши петтата сезона.




