Актуелно
Безбедно купување за време на празничната еуфорија – како да бидете сигурни дека вашите лични податоци и финансии се безбедни?
Трендовите кои изминативе години влегоа на голема врата и кај нас (Black Friday и Cyber Monday) направија вистинска шопинг еуфорија која е само почеток на онаа класична декемвриска треска на купување.
Од новогодишни подароци, па сè до облека, играчки, украси и што уште не, листата каде се треба да помине нашата картичка изгледа бескрајна. И доколку порано се уживаше во бескрајното шетање низ продавници, денес, особено со се поголемиот замав на е-продавниците, полека се наметнува навиката да се купува онлајн. За да може да спиете со мирна глава и безбедно да го добиете она што сте го купиле, потребно е да бидете внимателни, без разлика дали купувате онлајн или со физичко присуство. Сепак, денес и традиционалното купување не е толку традиционално имајќи го предвид фактот дека најголем дел од картичките се безконтактни, а младите се повеќе го линкуваат својот паметен телефон со банкарската картичка, па неретко истиот го користат за плаќање. Постојат ситуации кога невнимателноста може да нѐ чини нерви и пари, па затоа од Интернационален картичен Систем АД – КаСис советуваат како да се намали ризикот при плаќање онлајн, а вие да можете слободно да пазарувате!






