Актуелно
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
Децата поминуваат премногу време на интернет, а тоа има штетно влијание врз нив, сметаат граѓаните во најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Интересно е што ваквиот став доаѓа од граѓани кои повеќе од две третини велат дека ги користат социјалните мрежи, а на интернет дневно поминуваат и по повеќе од 2 часа. 69,4% од граѓаните сметаат дека интернетот негативно влијае врз децата, додека 26,1% сметаат дека има позитивно влијание.
Ова прашање го имавме поставено и во ланската анкета и трендот останува сличен иако се бележи благ раст и на оние кои гледаат позитивно, но и на оние кои гледаат негативно влијание.





