Интернет
Facebook ќе им плати на корисниците 725 милиони долари поради скандалот со Cambridge Analytica
Meta (претходно познат како Facebook) ќе плати до 725 милиони долари на корисниците на Facebook во САД, поради скандалот со Cambridge Analytica.
Оваа спогодба следи по пуштањето на колективна тужба против компанијата, затоа што не успеала да ги заштити личните податоци на своите корисници.
Корисниците на Facebook во САД кои живееле во периодот од мај 2007 до 22 декември 2022 година и тогаш го користеле овој сервис, може да се пријават за поврат на парите на следниот линк: https://www.facebookuserprivacysettlement.com/#submit-claim.
Важно е да се нагласи дека тужбата не се однесува на македонските корисници на Facebook.
