Актуелно
СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак
Нова долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.”, чија главна цел е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување, промовираа „Скопско”, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и компанијата „Пакомак”.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференцијата во „Пивара” Скопје посочи дека една од клучните мисии во заштитата на животната средина на МЖСПП е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад со што еднаш за секогаш ќе се реши проблемот со расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика на големото природно и културно богатство со кое оваа држава изобилува.