Колумни
Кренете рачна, време е за одмор!
„Еден од симптомите за сигурен нервен слом е кога ќе се убедите дека вашата работа е најважното нешто во вашиот живот“ – Бертранд Расел.
Новата доктрина на новото време полека но сигурно го зазема ставот дека ниедна работа, заработувачка, успех или постигнувања не се доволни за да бидете реализирани и среќни.
Кога последен пат сте го гледале залезот на сонцето без да помислите како губите драгоцено време? Дали треба да сме среќни што стануваме воркохоличари? Ќе се распадне ли фирмата без вашето директорување, домаќинството без вашето готвење, ќе завршат ли децата школо без вашето контролирање, мислите ли дека вашиот брачен партнер не може без вашите тековни списоци? Не, може да ве снема и се ќе си продолжи како никогаш и да ве немало.



