СЛОН и ЈАВАЧ – нашата двостраност
„Секоја промена е добра дури и кога е лоша“ – празна фраза кога правиме погрешен избор! Но сите сакаме промени, често посакуваме во новата година да расчистиме со старите лоши навики и да почнеме одново, да ги заборавиме непријатностите и се понадеваме на благопријатни моменти
И тоа е добро, кога сакаме да свртиме нова страница од животот, но за тоа ни се потребни двете страни од нашата личност, слонот и јавачот!
Јавачот е оној кој ги држи уздите, кој насочува и ја одредува целта на слонот. Слонот е емотивната страна на личноста изградена од нагони, задоволства и болка. Јавачот е рационалната, човекова свест која размислува и донесува одлуки, но кога слонот ќе тргне по некој свој емотивен пат, јавачот нема сила да го совлада.Така низ животот слоновски се прејадуваме, опиваме, неконтролирано викаме и се караме, после долга апстиненција повторно пропушуваме, ја враќаме килажата… Слабоста на слонот е во неговата мрзливост, неодговорност и давање предност на краткотрајни награди, наместо долгорочни предности.



