Колумни
Татјана Алексиќ: Бонвивани, кралеви на развратот низ историјата
Римското царство пропаѓа, но не само поради развратот на декадентната римска империја. Факт е дека „мамурлукот“ од ноќните оргии, баханалии и пијанки тешко го одржува царството под контрола, па сепак хедонизмот не бил единствениот фактор за распад. Лошата политика и екстремистичките религии можат да бидат поопасни од хедонозмот или бонвиванството!
Од многуте сладострастници на земните задоволства од минатото, еве неколку „кралеви или кралици на развратот“ кои историјата ќе ги круниса како бонвивани, но дали е баш така?!?
Клеопатра
Гледајќи го високобуџетниот филм Клеопатра со веќе починатата дива виолетови очи, ја добивме митската слика за египетската кралица како вистинска убавица. Но историјата има своја вистина, Клеопатра била далеку од убавица. Една од најголемите заводнички во историјата освен што имала огромен нос, имала и огромни фрустрирачки моменти низ животот,како мажачката за дванаесетгодишниот брат, симнување од престолот, убиство на мажот – брат и повторна мажачка за вториот брат! Со својот веќе оженет љубовник, Јулиј Цезар поминува неколку секси години во Рим.



