Колумни
Татјана Алексиќ: SPIRITUS MOVENS (читај духовно „мување“)
Мирот е само пауза меѓу две војни, животот – тире меѓу годините на раѓањето и смртта, нашата реалност е телевизијата – се што нема на тв каналите, не постои! Разликата е само во изборот на каноните, пардон, каналите кои не збунуваат со различно сервирани вистини.
Телевизија – пауза – тире, па пак телевизија, пауза, тире …c’est la vi лаконски би кажал хиперпотентниот Берлускони, наздравувајќи си за новата младолика љубовница, за инает на сите!
И така духовно се „муваме“, ползејќи, оставајќи лигави траги по патеки за идните генерации, чекајќи го Годо… А единствена, извесна и сигурно дочекана е само смртта, остатокот е можеби, а можеби и не е … Можеби вистините за кризата во парламентот и партиското кризирање ќе ни се избистрат кога и поматените умови, само треба многу вода да протече.



