Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Заљубете се во новата есенска колекција на Springfield!

Магазин

ФОТОГАЛЕРИЈА: Заљубете се во новата есенска колекција на Springfield!

Повторно во училиште. Назад во канцеларија. Враќање на есента. Погледнете дел од стилот и природата на колекцијата Springfield за есен-зима 2015.

ПРВА ВО КЛАСОТ

На летните денови им се ближи крајот и мораме да го подготвиме аутфитот за враќање на училиште или на колеџ.

Карирани кошули, фустани и комбинизони со цветни принтови на сини основи се комбинираат со модни додатоци со ситни дезени на цвеќиња за да се истакне женственоста и нежната страна на оваа линија.

Забавна и весела колекција со палета на бои од класична сина, црвена и беж боја, со која ќе ја пречекате новата сезона во позитивно расположение. Carpe Diem!

МОДЕРНИ НА РАБОТА

Есента е период кога се враќаме повторно на работа. Оваа нова капсулна колекција нуди повеќе опции за да го пронајдете вашиот кул, опуштен изглед за на работа без да го изгубите „Springfield духот“.

02 (Small)

Сива и морнарско сина се клучните бои комбинирани со беж модни парчиња, пругасти кошули и панталони со еластични ногавици. Овие панталони се клучни модни парчиња за балансирање на секојдневниот наспроти формалниот лежерен изглед и силуета.

БОЕМСКИ СТИЛ

Разновидна колекција, совршена за девојка која ги сака вибрациите на градот и нежната страна на природата. Лелеави материјали помешани со џинс и текстури со мека плетка ја креираат романтичната атмосфера на оваа линија.

02 (Small)

Клучни елементи на боемската гардероба се фустаните, блејзерите и цветни принтови во пастелни бои на темни основи. Моторџиските јакни и ресестите детали на модните парчиња ќе го нагласат боемскиот стил на овие модерни комбинации.

СЕКОЈДНЕВИЕ

Секојдневието се осврнува кон модата. Сите клучни модни парчиња за секојдневен изглед сега се тренди. Колекцијата содржи богата лежерна колорна палета и облеки кои се лесни и удобни за носење.

Стилот е фокусиран на модерно пристапување кон неформалниот-лежерен изглед со младешки став. Новите кројки и миксови ќе придонесат за комплетно различен изглед на оваа облека за секој ден. Тесни и „скини“ чино панталони, петџебни панталони, волнени џемпери со ниска крагна и фотографски принтови, памучен жакард и блузони со качулка со плоската плетка ќе го постават лежерниот тон. Јакните со волна се придвижуваат кон урбаниот изглед заедно со геометриските дезени на жакард како нова верзија на традиционалната техника на плетење во повеќе шеми и бои.

Богати и карирани волнени ткаенини, комбинирани во различни дезени, кратки и долги елеци, нови обувки, чизми за трчање и волнените капчиња му додаваат модерност на трендот и многу секојдневна приказна.

ПАТУВАЊЕ

Урбано-лежерна облека со есенски дух. Црната, белата и сивата боја со црвенкаст контраст се клучни за овој изглед. Струкирани кројки, карирани кошули и џинс со ефект на избледување во нијанси на црна и сива се задолжителни за оваа сезона. Монохроматските фотографски принтови преовладуваат на горниот дел од облеката.

Едноставни и рачно изработени фонтови и техники на водени бои се аплицирани на секојдневните маички и блузи. Бомбер јакните, облеките изработени од материјали од кожа, најлон и гума се задолжителни. Оваа колекција ги претставува најминималистичките предлози за оваа есен-зима 2015 од машкото портфолио на Springfield.

ЗАНАЕТЧИСТВО

Колекцијата е инспирирана од боемскиот стил, воведувајќи секојдневен, релаксиран и удобен изглед. Сите комбинации се дозволени. Природни бои, оксидирана портокалова, војничко-зелена, мастилно сина и сива боја, сите заедно креираат извонредна палета на бои за оваа тема.

Фолклорни, етно дезени и графики се клучни за да се добие овој изглед. „Винтиџ“ и ефект на избледеност, уништен џинс, панталони со ластик на ногавиците и широки панталони, како и војничките панталони придонесуваат за лежерен боемски призвук на оваа приказна. Виндјакните се клучни парчиња задолжителни за комплетен есенски сет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.