Кијану Ривс донирал 70% од својот приход од „Матрикс“ за борба со леукемија
Холивудскиот актер Кијану Ривс (57) донирал дури 70 отсто од својата заработка од првиот филм „Матрикс“ снимен во 1999 година, пишува Дејли Мејл.
Ривс ги донирал парите на експерти за истражување на лекови за леукемија, што е голема сума ако се земе предвид дека заработил 35 милиони долари за целиот филм. За снимањето на Матрикс, актерот добил 10 милиони долари однапред, а потоа договорот му донел уште 25 милиони долари од заработката на филмот.
Актерот решил да донира за истражување на лек за леукемија поради неговата сестра Ким, која десет години се бори со малигната болест. Кијану го поминуваше со неа секој момент, додека конечно не дојде во ремисија.





