Мобилни
Глобално лансирање: Samsung Galaxy Z Fold7 и Flip7 рушат рекорди во Европа
Samsung официјално ги претстави своите најнови иновации во мобилната технологија, глобално лансирајќи ги новите преклопни смартфони Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, заедно со најновата серија на паметни часовници Galaxy Watch8.
Со најтенките и најлесните преклопни уреди досега, и нов AI-пристап за следење на здравјето, компанијата поставува нови стандарди на пазарот на паметни уреди.
Samsung бележи рекордни преднарачки за новата Galaxy Z серија во Европа, надминувајќи ги очекувањата уште пред официјалниот датум за пуштање во продажба. Особено се истакнува моделот Galaxy Z Fold7, кој учествува со повеќе од половина од вкупните преднарачки и бележи раст од над 50% во однос на претходната генерација.





