Мобилни
Самсунг ги претстави Галакси А6 и А6+ со напредна камера, елегантен дизајн и дополнителни карактеристики за секојдневно користење
Компанијата Самсунг денес ги претстави Галакси А6 (Galaxy A6) и Галакси А6+ (Galaxy A6+) – паметни телефони кои ги комбинираат секојдневната практичност и модерниот дизајн со напредна камера за поперсонализиран начин на изразување.
Со моќна предна и задна камера, врвен елегантен дизајн и заштитниот знак на Самсунг – бесконечниот (Infinity) екран, новата Галакси А серија е достапна во 3 бои – црна, златна и боја на лаванда.
Со моќната предна и задна камера на Галакси А6 и А6+, креирањето на прекрасни фотографии или „селфи“, во било кој момент, никогаш не било поедноставно. Со прилагодливиот преден ЛЕД блиц, корисниците на Галакси А6 и Галакси А6+ можат, преку ден и навечер, да креираат неверојатни „селфи“ фотографии. Со помош на објективот со мал отвор на блендата на задната камера, може да се креираат јасни и остри фотографии при услови на слабо осветлување, притоа без да се жртвува квалитетот на сликата, без разлика на тоа во кој период од денот е фотографирана.



