Мобилни
Самсунг ги претстави своите најнови мобилни уреди Самсунг Галакси С9 и С9+ и во Македонија
Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметни телефони во Македонија.
Новите паметни телефони на Самсунг пристигнуваат со низа новитети и подобрувања: неверојатна камера за снимање при слаба осветленост со двојна бленда на објективот, супер бавен “slow-mo“ видео запис и пиктографи (AR emoji) за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување. Овие неверојатни уреди неодамна беа за прв пат претставени во рамки на Светскот Конгрес за Мобилна Технологија 2018 во Барселона, каде освоија 30 награди, вклучувајќи ја и најзначајната награда во рамки на годишните Глобални Награди за Мобилна Технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) – “Најдобар Нов Уред за Поврзување“ (“Best New Connected Device”). Новиот Самсунг Галакси С9+ се стекна со оваа награда благодарение на својот префинет дизајн, напредна камера и извонредни перформанси.
„Овие награди за нас се поттик од година во година да бидеме што подобри во создавањето уреди кои во потполност ќе можат да одговорат на сите предизвици на модерното време и на потребите на нашите корисници. Верувам дека со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ повторно ја поместивме границата во развојот на паметни телефони. На корисниците им понудивме иновативни уреди кои ќе им овозможат да се изразат и да комуницираат на целосно уникатен начин.“- изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во компанијата Самсунг за Адриатик регионот.





