Sci-fi
Вечерва целосно затемнување на Месечината – што треба да знаете?
Вечерва љубителите на ноќното небо ќе имаат можност да сведочат на вистински небесен спектакл – полна Месечина позната како „крвава Месечина“. Овој впечатлив феномен се јавува за време на целосно затемнување на Месечината, кога Земјата застанува точно меѓу Сонцето и Месечината, фрлајќи сенка што ја обојува во драматична црвена боја.
Според астрономите, станува збор за природен и целосно објаснив феномен, но низ историјата токму оваа појава била предмет на бројни митови, верувања и пророштва.
Како ќе изгледа „крвавата“ Месечина?
Наместо вообичаената сребрено-бела светлина, Месечината вечерва ќе добие темноцрвена до бакарна нијанса. За време на максимумот на затемнувањето, таа може да изгледа како да „свети“ во црвено, додека околу неа небото ќе биде потемно од вообичаено.



