Технологија
Samsung ја лансираше новата линијa Wind-FreeTMклима уреди на база на вештачка интелигенција
Компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. и официјално ја лансираше потполно новата линија на ѕидни клима уреди со R32 разладно средство на новата генерација, уникатна Wind-Free™ технологија на ладење и нови опции за паметно управување со уредите.
„Новата линија на уреди ја потврдуваат доследноста на компанијата Samsung во претставување на водечки производи за ладење и греење, со препознатлив дизајн и интелигентни опции кои го олеснуваат секојдневниот живот,“ изјави Xavier Feys, потпретседател на секторот за претпродажба, развој на работењето и кориснички услуги во SEACE. „Новата понуда на клима уреди за 2020 година им нуди на корисниците уште подобро искуство и поголем комфор во затворен простор, како и зголемена енергетска ефикасност благодарение на напредната Wind-Free™ технологија на ладење и новиот Digital Inverter Boost компресор.“
Wind-FreeTM технологија на ладење




