fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во многу градови во САД се организираат протести за поддршка на „Епл“ во спорот со ФБИ

Мобилни

Во многу градови во САД се организираат протести за поддршка на „Епл“ во спорот со ФБИ

Се организираат протести во над 30 градови во САД против обидите на Федералното биро за истрага (ФБИ) да ја принуди Епл преку судска одлука да му достави програма за разбивање на заштита на смартфони што ги произведува.

Акциите се организираат од групата Борба за иднината, само една недела откако ФБИ се обрати до суд за да го принуди Епл да ја ослабне заштитата на повеќето модели Ајфони и да помогне во истрагите за терористичкиот напад во Сан Бернандино, во Калифорнија.

Во вторникот федерален судија побара Епл да им даде помош на истражителите кои досега безуспешно се обидуваа да добијат достап до заштитениот со лозинка телефон на терористот Саид Фарук.

Шефот на Епл, Тим Кук изјави дека компанијата ќе го оспори тоа барање на властите бидејќи претставува „закана за безбедноста на клиентите“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.