Сцена
Чарли Шин: „Морам да ги запрам заканите – признавам дека сум ХИВ позитивен!“
Овде сум да признаам дека сум ХИВ позитивен. Морам да ги запрам овие напади, изјави американскиот актер Чарли Шин во денешното интервју за „Тудеј“, додавајќи дека оделните гласини кои се слушале минатите денови немаат врска со вистината.
Тој рече дека дијагнозата ја добил пред четири години.
– Почна со чести главоболки, големи мигрени и неконтролирано потење. Дури бев и хоспитализиран. Мислев дека имам тумор на мозокот, мислев дека е готово. Кога ги спроведоа тестовите ми кажаа за што се работи. Тие три букви е тешко да се прифатат. Тоа е пресвртница во животот, изјави Шин.




