Сцена
И официјално се разведоа Џони Деп и Амбер Херд
Холивудскиот актер Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд вчера го финализираа разводот по неколкумесечен спор околу конечните услови за нивната разделба, соопштија американските медиуми.
Судската одлука предвидува Џони Деп да плати седум милиони долари, кои Херд вети дека ќе ги даде во добротворни цели.
„Задоволни сме што овој непријатен период за г-дин Деп и неговото семејство веќе е зад нив. Фактот што судската одлука за финализирање на разводот беше донесена денеска, го направи овој петок 13. особено среќен, се наведува во соопштението на адвокатката на Џони Деп Лаура Восер.




