Сцена
КАРНЕВАЛ: Путин, Трамп и Ким претставени како ајкули, а Меркел како сирена
Во португалскиот град Торес Ведрас вчера почна карневалот, познат по политичката сатира, а посетителите можеа да видат и маски ајкули со ликовите на Владимир Путин и Доналд Трамп, но и лицето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Глави со ликот на Путин и Ким биле прицврстени на тела од ајкули, кои држат ножеви и вилушки, а во Центарот на градот е изложена и фигура со ликот на германската канцеларка Ангела Меркел, претставена како сирена.
Трамп, пак, е прикажан и како седи на тоалетна школка во облик на планетата Земја, а зад него „гневниот Ким Џонг-ун“ држи ракета.




