Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација
Креативната работа на пет средни текстилни училишта и Универзитетот “Гоце Делчев” Технолошко-технички факултет од нашата земја ќе биде презентирана преку модна ревија која ќе се случи на 24 октомври 2020 (сабота) во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер.
Македонскиот Текстилен кластер во соработка со МВСК и КМК беше организатор на менторски активности како дел од новиот проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија “Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 – ноември 2020”.
Од декември 2019 година, на капсулните колекции изработени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, работеа учениците од средните училишта во Северна Македонија: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар„- Македонска Каменица, Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“(Делчево) како и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип.




