Шоубиз
Оскарите не носат само статуетка: Погледнете какви луксузни подароци добиваат холивудските ѕвезди
Доделувањето на Оскарите е најгламурозната филмска ноќ во светот, но покрај престижната златна статуетка, номинираните актери и режисери добиваат и нешто друго – луксузни подароци кои често вредат десетици илјади долари.
Пред утрешната голема церемонија, вниманието повторно е насочено кон познатата „gift bag“ која секоја година предизвикува огромен интерес во јавноста.
Што има во најпознатата „gift bag“ во Холивуд?
Иако самата Академија официјално не ги дели овие подароци, компаниите и брендовите со години организираат ексклузивни пакети за номинираните, со цел нивните производи да ги користат најголемите холивудски ѕвезди.




