Сцена
„Светот Јура“ е филм со најмногу грешки во 2015 година
Блокбастерот за диносаурусите „Светот Јура“ е филм со најмногу грешки од сите остварување прикажани од почетокот на 2015 година, пишува сајтот Moviemistakes.
Научнофантстичната епопеја на Колин Тревор содржи најмалку 19 крупни и мали грешки, вклучувајќи одреден број сценариски недоследности и фактички невистини, како што е џипот, кој еден од јунаците на филмот успева да го придвижи, иако 20 годни никој не го возел.
Некои „грешки“ се повеќе воочливи од други. Така еден гледач со право забележал дека директорот на паркот Клер Диринг кој го игра Брис Далас Хауард, не би можела да го преживее целиот филм цело време трчејќи во чевли со високи потпетици.




