Сцена
Тие се планетарно славни, но не и богати
Кој вели дека славата и богатството одат под рака? Ако мислите дека секоја холивудска ѕвезда со самото тоа што ги пополнува насловните страни и заработува милиони, сте се излажале. Богатството се мери само со пари, не и со бројот на објавените страници. Тие се славни, но не и богати. Еве за кого станува збор.
1. Памела Андерсон
Иако многумина мислат дека Памела Андерсон со улогата во познатата серија „Чувари на плажата“ со која се прослави, стекнала доживотно богатство, тоа не е вистина. Дури ни двата развода кои стојат зад неа со познати личности, не биле профитабилни за неа, па така сега нејзината банкарска сметка е блокирана откако ја реновирала куќата за која потрошила милион долари, на наплата стигнале даноците, но бидејќи немала доволно пари морала да ја продаде куќата.
2. Терел Овенс
Еден од најдобрите НФЛ фаќачи на сите времиња Терел Овенс, иако за време на кариерата стекнал богатство, останал без истото. Лошите деловни одлуки, инвестиции во нелегален аква парк и купување на непрофитабилни недвижнини го довеле до питачки стап. Покрај тоа, издржува три жени и четири деца, иако никогаш не се женел.




