Uncategorized
Собранието го донесе Законот за специјалниот обвинител
Собранието на Република Македонија попладнево со 111 гласа „за“ и ниту еден „воздржан“ и „против“ го донесе Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка.
Во рамки на дискусијата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски истакна оти на ваков начин конечно после повеќе месеци шпекулации, манипулации и лаги ќе се расчисти опозицискиот обид за дестабилизација на државата.
Време е маглата да се тргне, рече Димовски, да завршат шпекулациите и лагите и време е да ја погледеме вистината низ една формално-правна рамка како што и доликува на сериозна држава. Овој Закон, смета тој, е можност да дознае вистината и чекор поблизу до нови вонредни парламентарни избори кога граѓаните ќе го кажат конечниот збор и избори, кои како што рече, СДСМ ќе ги загуби.


